По завршувањето на новогодишните прослави на плоштадот Македонија, но и од паркот во Kисела Вода, екипи на „Kомунална хигиена“ собрале околу 40 тони ѓубре.
Во текот на новогодишната ноќ биле ангажирани 18 работници, а наредниот ден, на 1 јануари – 65 работници на ЈП „Kомунална хигиена“ – Скопје.