Случајот со пиштолот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ќе заврши со парични казни за лицата од обезбедувањето во ВИП салонот на скопскиот аеродром и неколкумина шефови на турската компанија ТАВ, која оперира со аеродромот, јави МКД.мк.
Предвидената казна според Законот за воздухопловство е повеќе од 30.000 денари.
Надлежна за овој случај беше Агенцијата за цивилно воздухопловство, од каде информираат дека парично ќе биде казнета и компанијата ТАВ.
Мијалков на 15 октомври бил приведен на аеродромот во Белград затоа што во торбата му бил пронајден пиштол со муниција.