компанија потплатувале лекари во Европа и Азија за да го подобрат работењето на фирмата и да ја зголемат продажбата на нивните лекови
Американскиот фармацевтски гигант „Фрејзер“ се согласил да плати порамнување од 60 милиони долари на владата на САД која тврди дека вработените во оваа компанија потплатувале лекари во Европа и Азија за да го подобрат работењето на фирмата и да ја зголемат продажбата на нивните лекови.
Комисијата за хартии од вредност и берзата на САД навеле дека ограноците на компанијата во странство илегално ги плаќале работниците во Кина, Русија, Хрватска и други земји во Источна Европа, а прикривале и мито правдајќи го како деловен трошок за патување, забава и маркетинг.
Порамнувањето ги покрава и наводните злоупотреби на фармацевтската компанија Вајет која „Фрејзер“ ја купи во 2009 година. Иако оваа голема компанија соработувала во истрагата, до сега ниту го призна ниту ги одрече обвинувањата.