“Големиот Гетсби” со Ди Каприо излегува идното лето во 3D верзија


Новата филмска верзија на романот “Големиот Гетсби”, која е дело на режисерот Бид Лурман, ќе се појави во екраните идното лето во 3D формат.

Како главни протагонисти ќе се појават Леонардо Ди Каприо и Кери Мулиган.

Тоа ќе биде четврта адаптација на големото платно на класиката на Френсис Скот Фицџералд, објавена во 1925 година.

 Ди Каприо ќе ја толкува  улогата на еден од најголемите и најзначајните ликови во американската литература – Џеј Гетсби, кој во книгата на Фицџералд претставува симбол на неморалноста на новопечените богаташ,  од периодот пред Големата депресија во САД во 1929 година.

Според продуцентите од Ворнер Брос, една од централните улоги ќе му припадне и на актерот Тоби Мегваер а филмот ќе може да се гледа и во IMAX и 2D верзија.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1