За сите гребатори – Подлижувајте со стил


 

Иако не е лесно тоа да се признае, вистина е дека понекогаш на работното место многу подобро поминуваат оние кои умеат да се „подлижуваат“. Секако нашиот совет е работа, работа и само работа но работа која навистина има некаква конкретна цел, секогаш се исплати.

Сепак, кога ќе дојде време за „лижење и подлижување“ ќе ве разбереме – виша сила. Но тоа не значи дека дури и во подлижувањето не треба да бидете професионалец.

Ако веќе се подлижувате правете го тоа така што користта да биде максимална, а штетата по вашиот углед минимална.

Најдобар вид на умилкување се пофалбите. Истражувањата покажале дека луѓето реагираат на пофалби и дека истите ги мотивираат на уште подобри резултатти, сепак тоа не значи да распалите со пофалби, затоа постојат три основни правила кои мораат да бидат исполнети.

– пофали само кога така мислиш

– прави го тоа одвреме навреме

– пофали со стил за да не ги навредиш останатите присутни

Бидете доследни

Во подлижувањето секогаш мора да тргнете од себе, пред се гледајте кои се вашите одлики, карактерни црти и идеали кон кои се стремите. Кога го правите тоа правете го во склад со оние вредности за кои и другите знаат дека ги цените. Доколку на еден начин им ласкате на шефовите, а на друг на соработниците – готови сте. Секогаш одмерено и доследно.

Комплиментите одат нагоре но и надолу

Кога ќе добиете комплимент за вашите заслуги од шефовите и признание за добрата работа, секогаш гледајте да истакнете дека тоа е сепак заслуга на целиот тим. На тој начин ќе добиете бонус комплименти во очите на шефот но и во очите на колегите.

Подлижувајте се посебно

За да имаат ефект комплиментите мора да бидат природнои и спонтани. Ако вашата улижувачка техника ја претворите во трка за можност за комплимент ќе ја намалите вредноста и ефектот на секое наредно ласкање.

Вашите комплименти треба да бидат кративни

Ако за вашиот комплимент добиете само благодарам тоа значи дека не бил ефикасен. Поттикнете ги луѓето да разговараат за тоа што сте кажале, луѓето сакаат да се „прават паметни“ – задоволете ја нивната ситна суета и ќе добиете еден плус повеќе. Добар пример – како го наговори на интервју? Тој со години не даде интервју за ниту еден медиум. Навистина си махер.

 

Вклучи ја публиката

Понекогаш кога ласкате не е лошо да вклучите и некој друг. На пример фалите некој дека завршил одлична работа и велите – Неможам да поверувам колку добро тоа го направи. Погледнуваш кон најблискиот колега и велиш, зарем не е така што мислиш ти? На овој начин ќе го оттргнеш вниманието од себе а истовремено директно ќе му се „поттпикнеш“ и на шефот и на колегата.

Не драматизирајте

ОК. Ова е најважниот совет. Сите сме свесни дека уметноста на подлижување бара и малку ,,глумечи,, вештини, но само малку. Глума за оскар и турски сапуници не е она што се бара. Бидете умерени и одмерени, кажете го текстот, неколку реченици, насмевка и поглед со заводливост и тоа е тоа, се што е повеќе од ова едноставно е премногу и предизвикува сомнеж во вашата искреност.

Tags: ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1