ЗА СВЕТА БОГОРОДИЦА – Два дена ,,славје,, во Јанковец


Во познатиот манастир “Успение на Пресвета Богородица” во Јанковец, Ресенско, се славеше два дена на 27 и 28 август. Врвулици од луѓе го посетија манастирот, а речиси во целото село ова е куќна слава.

Инаку, ова  е женски манастир. Во него живеат сестри. Според преданието, секој женски манастир треба да има заштита од машки манастир. Во манастирските одаи, во тишина и спокој, монахињите создаваат мајсторски дела – осликуваат икони, сложуваат мозаици, ткаат покривки и везат ракотворби. Создаваат дела на вертикални разбои.

Овие вертикални разбои не се вообичаени на нашево поднебје, кај нас повеќе се користат хоризонталните. На вертикалните разбои се работи со врзување јазли, како таписерија.

Се изработуваат килими исклучиво со природна волна, која ја сами ја бојосуваат со природни средства – со лисја од орев, од кромид, од коприва, со црвена зелка, дакан, со кори од дрва од кои се добиваат најразлични нијанси – црни, кафени, за да се добијат боите кои ги содржи природата.

Шарите што ги употребуваат се од македонските ракотворби. Тоа се византиски шари и на времето кога се работеле, жените го внесувале целиот етнос на овој народ во килимите. Во манастирот има и ателје за изработка на икони. Работат икони според
православното предание, а не уметнички слики со религиозна тематика. Иконата, според правосланата теологија, е визуелно богословие. Она што е со букви и мастило напишано во Светото писмо, овде е напишано со бои. Ако промените макар и најмали нешта во начинот на сликање на иконата, тоа е како да сте промениле збор од Светото писмо – што е недозволено.

Големо дрво орев, полн со ореви се наоѓа пред манастирот, а над манастирот е изградена црквата Свети Игнатие Богоносец, прва ваква црква кај нас.
Во Ресен исто така се славеше празникот, со дури три музики кои се мешаа една со друга во центарот на градот- Балкава, Дуле и Коки и Кико.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1