Забранета љубов на Албанка и Србин во Австрија: „Ќе ви го заколам синот ако не раскине со ќерка ми“


Петте обвинети пред судот ги отфрлиле сите точки од обвинението. Љубовната приказна меѓу Аделина и Александар траела три месеци, и за разлика од Ромео и Јулија, за среќа не завршила трагично, но дошло до прекин на врската поради конфликтот, кој избил поради верата и потеклото, иако членовите на двете семејства се австриски државјани.

Родителите и трите постари сестри на Аделина одговарале пред судот.iranka samija muslim

Обвинителството тврди дека таткото на Аделина преку телефон му се заканил на таткото на Александар ќе живее само уште 24 часа, и дека тој, пред негови очи ќе му го пресече вратот.

„Тоа не е точно. Му кажав дека неговиот син треба да ги тргне рацете подалеку од мојата ќерка. Ние не можеме да бидеме заедно. Ние сме муслимани а тие православни“, изјавил „главата“ на албанското семејство.

Тој добил условна казна затвор од два месеци поради опасна закана, а останатите членови на семејството минале со ослободителни пресуди.

Сестрите и мајката ги следеле вљубените со автомобил

Тие признале дека двете сестри и мајката ја следеле вљубената двојка и дека со автомобил се возеле по Салцбург.

Меѓутоа тие негираат дека се заканиле дека ќе го убијат Александар доколку не раскине со Аделина.

„Ние стравуваме за нашата најмлада сестра. Слушнавме дека Александар се дрогира. Тој е лош за неа, и таа сосема се смени“, изјавиле сестрите пред судот.

„Ние ја чувавме нашата врска во тајност поради нашите националности. Таа така сакаше. По заканите, стравував од нејзиниот татко“, изјавил Александар, кажувајќи дека добивал смртни закани од семејството на поранешната љубена.

Поради неговиот страв од семејството на Аделина, судот изрече забрана за каков било контакт на осудениот татко на девојката Албанка со Александар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1