Заев до Иванов: Поништете ги помилувањата за мене


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со ново писмо до претседателот Ѓорге Иванов, дополнително бара да ги поништи поединечните одлуки за помилување кои се однесуваат на него.zaev 433

„По вашата срамна прес-конференција одржана на 15 април 2016 година потврдивте дека не се водите од интересите на државата и граѓаните туку извршувате наредби за да го заштитите вашиот шеф, Никола Груевски. Од овие причини, дополнително барам да ги поништите поединечните одлуки за помилување, бр. 08-527/1 и бр. 08-538/1, објавени во Службен весник на 12.04.2016“, вели Заев во новото писмо до Иванов.

Тој повторува дека јавно соопштил дека ниту барал, ниту прифаќа амнестија, а повторно побара и оставка од претседателот Иванов.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1