Следуваат сензитивни материјали и тоа јас јавно го објавив. Тие сензитивни материјали, сензитивноста ја предизвикуваат заради тоа што темата којашто ја најавуваат е сензитивна, очекувана од граѓаните. Овде е случајот со Смилковско езеро, ако тоа прашувате, овде е Никола Младенов, што тоа се случило, вистината за таа работа, овде е Мартин Нешковски, што тоа се случило на тој 6-ти јуни 2011 година, сабајлето, рано, после победата на ВМРО-ДПМНЕ, овде е името, и мислам дека доволно кажувам сега.
Во делот на објавувањето на доказите пред јавноста ние мораме да се водиме од законските нормативи. Како што видовте во едната ексел табела покажавме еден лист а доставивме цел пакет. Во втората ексел табела доставивме преку 100 илјади конкретни разговори на преку 10 илјади страници, а покажавме некои 14 страници. Затоа што некогаш во тие разговори има нешто коешто не се објавува од лична природа, законски недозволено објавување. Но доставено е до Јавното обвинителство. Постојат уште докази коишто заедно со адвокатскиот тим и правните служби во СДСМ мислиме дека е тенка границата на дозволивоста на објавување на таков вид на докази.