Заев најави импичмент за Иванов – Бројките и прописите одат во прилог на Иванов


Доколку претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, се соочи со можен импичмент, кој синоќа како можен го најави премиерот Зоран Заев, тогаш бројките и прописите се чини дека одат во негов прилог. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд.

Заев во телевизиско интервју најави дека Иванов, по непотпишувањето на Законот за јазиците, може да се соочи со договорност ако не го потпише и договорот со Грција откако граѓаните на референдум би се изјасниле позитивно.

За предложената одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот, прво треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија, што воедно е и прашање дали владиното мнозинство може да се окрупни за таа постапка.

Во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот“, пишува во член 87 од Уставот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1