Заев: Не сакам да бидам аболициран, Иванов да поднесе оставка


Ова е државен удар на криминалната банда на Никола Груевски која се обидува да се спаси од криминалот што го направија, а Иванов стана директен учесник во злосторничкото здружување, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ.zaev sudenje 2

-Тој сака парите украдени да не бидат вратени на граѓаните. Од денес нема правна држава, го погазија Уставот, го погребаа Договорот од Пржино, нема да дозволиме целосно рушење на државата. Иванов веднаш да поднесе оставка, ако тоа не го направи ја доведува државата во фаза на експлозија. Судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница – рече Заев.

Заев истакна дека не сака да е аболициран и дека не ја прифаќа оваа одлука.

„Не се сите криминалци, не ја прифаќам оваа одлука. Јас Зоран Заев ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок, на улици на протести по градови и села. Или Груевски или Македонија – рече Заев.

Тој ја повика и ВМРО-ДПМНЕ да дојде во Собранието и ако Иванов не даде остава да гласаат за негово разрешување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1