Заев: Нека се донесе законот за јазиците и ќе видиме дека не е нешто болно


Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена.– Сите кажаа сé што имаа, а беше оставено и доволно време за дијалог. Законот конечно треба да се донесе согласно Уставот и законите. Со тоа ќе биде затворен последниот легалистички аспект од Рамковниот договор. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација и ќе видиме дека не е нешто што е болно, тешко или трагично, туку е нешто што ќе овозможи полесно да се разбираме едни меѓу други – рече Заев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1