Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја срушат Владата


Нема да дозволам индивидуалци да ја срушат оваа Влада, изјави Премиерот Зоран Заев на првото појавување во јавноста по годишниот одмор и објавените бомби во италијанскиот весник “Ла Верита” во кои беше споменато и неговото име. Тој додаде дека секој кој е инволвиран во случајот “Рекет” и го прекршил законот мора да одговара.

-Секако нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт, не. Ќе се бориме до крај. Затоа што секој кој е инволвиран ќе си носи одговорност, изјави Премиерот Зоран Заев.

Заев очекува истрагата да ги покаже доказите за секој, и за него и за шефицата на СЈО во оставка. Тој одговори и на прашањето дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

-За мене идиотски е настапот засега согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото, изјави Заев,

На барањето на опозицијата за распуштање на Владата и предвремени избори, Премиерот рече дека сега нема намера да размислува за такво нешто и додаде дека изборите не мора да бидат во декември може да бидат во октомври догодина.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека коалицијата со СДСМ функционира без проблеми. Тој рече дека не се плаши од бомбиде кои за функционери од неговата партија ги објавува Ел Чека од Чикаго.

-Али Ахмети претседател на ДУИ.

Заев и Ахмети изјавите ги дадоа по свечениот прием за 18-годишнината од рамковсниот договор, на кој во клубот на пратениците покрај домашните политичари присуствуваа и амбасадори во земјава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1