Заев: Ние сме свесни дека се даваат плати на луѓе што ништо не работат, тоа мора да се промени


Затекнавме некаде околу 165.000 вработени во јавната администрација. Кога бевме во опозиција верувавме дека е некаде над 180.000, но видовме дека се 165.000. Во моментов таа е или под или околу 140.000. Значи, намалена е јавната администрација, во севкупни бројки.

Не знам колку луѓето го знаат овој податок, но тоа е важно. Голем дел од луѓето таму отидоа во пензија, ја напуштија јавната администрација Не се пополнети сите места, односно таму каде што не треба, туку се пополнуваат таму каде што треба. Тоа е значајно. Но, треба да знаат граѓаните дека ние сме свесни дека се даваат плати на луѓе што ништо не работат. Тоа мора да се промени, тоа не смее така да остане“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Фронтлајн“.

Според него, „реформите мора да се случат во сите области па и во јавната администрација“.

„Гледате дека разговараме за покачување на платите, ние немаме проблем, но секаде се врзани за реформите. Еве и за образованието, разговараме со СОНК, но министерството и СОНК мора да ја направат реформата и нивелацијата, така наречена методолошката интеграција во образованието. Да се знае кој е носител на дејност, тоа се учителот, наставникот, професорот, кои се стручните служби: тоа се педагозите, психолозите, дефектолозите, социолозите внатре и што е администрацијата. И ќе видиме дека имаме пет хигиеничари во истото школо, за разлика од соодветното каде има само еден. Не е во ред. Или, имаме 250 деца со 70 наставници, и 250 деца во друго училиште со 25 наставници. Значи ред и поредок мора да се стави насекаде, овде го земам само примерот на образованието. Ќе дадеме плата, но мора да се средат работите внатре“, посочува Заев.

Тој вели дека државата е изморена од поделби, од реваншизми и од лоши, непријатни ситуации, каде што се гледа дека брат против брат удрил, луѓе против луѓе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1