Заев објави нови снимки – Втората „бомба“ фрлена врз судството


Најголемата опозициска партија СДСМ, денеска одржа прес-конференција на која претседателот Зоран Заев објави нови аудио снимки од телефонски разговори кои наводно се доказ за криминални активности на владејачките структури што во изминативе месеци беа најавувани како „бомби“ со кои опозицијата планира да ја урне актуелната власт.

zaev sdsm

Како се избираат судиите, како се разрешуваат судиите, кој и како и чии ќерки мести за судии, како се завршуваат работите со кривичните пријави… се темите на денешните снимки што претседателот на СДСМ Зоран Заев ги објави денеска на конференцијата за медиумите. Станува збор за аудио снимки поради кои Заев и уште неколку лица во полициската акција „Пуч“

Денешната прес-конференција е продолжение на првичната на која Заев објави дека над 20.000 граѓани во Македонија, меѓу кои и министри, новинари, бизнисмени, функционери на власта, Синодот, ИВЗ и невладини организации незаконски биле прислушувани.

На денешните снимки можеше да се слушнат телефонски разговори помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, на лидерот на коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, Али Ахмети, на Јанкуловска со вицепремиерот за финансии Зоран Ставрески…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1