ЗАЕВ ОД 3 ЈАНУАРИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ПРЕМИЕР: Предвремени избори на 12 април 2020 година


Лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 3 јануари наредната година.

И официјално 12 април 2020 година ќе е датумот кога во Република Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Техничката Влада ќе се формира на 3 јануари, и ќе трае 100 дена до денот на изборите. Прифатени се барањата на опозицијата Заев ќе поднесе оставка од премиерската позиција на 3 јануари 2020-та година.

Заев информираше дека тој предложил изборите да се одржат на 22 декември, поради процесот на пристапување на НАТО, но на предлог на другите лидери се разгледале и други можности и е утврдено дека 12 април е најсоодветен за предвремени избори.

Во овој период ќе се испочитуваат роковите за распуштање на Парламентот и од 3 јануари 2020 ќе функционира техничката влада.

Дополнително ќе се утврди кој ќе биде премиер на привремената влада, но веќе се врти името на Оливер Спасовски.

Лидерот на ДУИ; Али Ахмети, изјави дека овој состанок е најконструктивмниот на кој досега присуствувал во неговата политичка кариера.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1