Заев повика на смиреност


Лидерот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев вечерва преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните на смиреност и да не се дозволи незадоволството да излезе од контрола.zaev

„Почитувани граѓани,
Како човек и политичар, ве повикувам и апелирам до сите Вас кои протестирате пред Владата на Република Македонија искажувајќи го Вашиот гнев и незадоволство, тоа да го правите на мирен и достоинствен начин. Не дозволувајте Вашето незадоволство да излезе од контрола бидејќи мирот, стабилноста и материјалните добра мора да бидат сочувани. Имајте на ум дека 17. мај е денот на закажаниот сенароден протест, кога мирно и достоинствено, сите заедно ќе покажеме дека сме на страната на слободата, вистината, демократијата и правдата, дека сме на страната на Република Македонија. Не дозволувајте да бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува. Истовремено апелирам до безбедносните структури на државата да бидат внимателни во извршувањето на своите задачи и да ја зачуваат безбедноста на сите оние кои во моментов протестираат“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1