Загадување на воздухот може да предизвика мозочен удар и губење на меморијата


Во зависност од тоа дали квалитетот на воздухот е  “умерен” или “добар” , особено кога загадувањето е многу високо поради сообраќајот, според студијата објавена во Archives of Internal Medicine, откриен е зголемен ризик од добивање на мозочен удар кај жителите во областа на Бостон.


Во друг извештај, објавен во истото списание, се вели дека  кај жените кои живеат во позагадените области на САД, е забележано губење на меморијата. Тие, за разлика од жените кои живеат во понезагадените градови и подрачја, поспоро размислуваат.

Според Gregory Wellenius, од Универзитетот Браун во Провиденс, кој е и главен автор на студијата, луѓето кои можат да ги почуствуваат ефектите од загадена животна средина врз сопственото здравје, во текот на високото ниво на згаденост на воздухот треба да престојуваат во затворен простор.

При спроведеното истражување и споредување на податоците од медицинските досиеја на повеќе од 1700 пациенти, кои биле примени во медицинските центри во 1999 и 2000 година, аналитичарите откриле дека ризикот од мозочен удар во текот на 24 часа, по изложување на “умерено” загадување, во споредба со деновите во кои загаденоста била висока, е зголемен  за 34%.


Според Wellenius,  крвните садови кај човекот изложен на загаден воздух, се прошируваат и се собираат како последица од загадената животна средина , со цел да го одржат стабилен крвниот притисок.
Загадувањето на воздухот може да влијае и на физичката способност на човекот да го регулира крвниот притисок, што кај ранливите луѓе може да предизвика удар.

-Дотокот на крв до мозокот е исклучително важен за когнитивната функција, изјави Wellenius.
Ниту едно откритие или медицински наод не укажува дека единствена причина за проблеми со меморијата или пак, добивање на мозочен удар е загаденоста на воздухот. Истото не може никако да се докаже, но претходните истражувања покажуваат дека загадувањето има негативни ефекти врз работата на срцето и врз крвните садови.
Истражувачите велат дека, крајно време е политичарите да сфатат, дека загаденоста на воздухот претставува  вистинска закана за здравјето на луѓето.

Tags: , , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1