Загина нуркач кој трагаше по остатоците од паднатиот авион во Индонезија


Индонезиски нуркач (48) го загуби животот во потрага по авионот на Лајон ер која се урна неодамна, соопштија денеска официјални лица.

Командантот на потрагата рече дека нуркачот починал поради проблем со декомпресија.

За него се наведува дека бил искусен нуркач и дека учествувал и во акцијата за спасување при падот на авионот на Ер Азија во 2014 година.

Како што се наведува, тој неодамна се вратил од Сулавези каде учествувал во акцијата за спасување откако таа земја беше погодена од разорен земјотрес.

Авионот Боинг 737 на компанијата Лајон Ер се урна во понеделникот, на 29 октомври на летот Џакрата – Пангкал во Јаванското море и притоа сите 189 патници загинаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1