Загина полицаец во судирите пред украинскиот Парламент – над 100 повредени (ВИДЕО)


Во киевска болница почина 25-годишен припадник на Националната гарда од рани здобиени од огнено оружје, соопшти денеска Антон Герашченко, пратеник во парламентот на Украина. Аутопсијата покажала дека човекот бил погоден од шрапнел од рачна граната, фрлена врз силите за безбедност откако се судрија со демонстрантите.ukraina protest parlament policija

Аваков вели дека четири припадници на силите за безбедност страдаат од „повреди опасни по нивниот живот“, како резултат на експлозијата, вклучително еден кој ги загубил двете нозе. Повеќе од 90 безбедносни офицери се повредени за време на судирите.

Дописник за Би-Би-Си известил дека слушнал три гласни експлозии од гранати. Киев соопшти дека едно лице осомничено за фрлање на гранатите е уапсено, како и 30 други учесници во протестот. Во претходните извештаи се вели дека полицијата употребила палки и солзавец пртотив демонстрантите. Тие протестираа против претседателскиот закон за промени на Уставот кој треба да им даде поголема автономија на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

Од 368 пратеници регистрирани на денешната седница, 265 го поддржаа законот на неговото прво читање. Предлог законот беше поднесен од украинскиот претседател Петро Порешенко, во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан во февруари во Минск.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1