Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби голманот на ФК Витебск од Белорусија, Андреј Шербаков.
Покрај него во несреќата загинаа и неговата сопруга и шест годишниот син.
Се уште не е познато што е причината за тоа најдобриот голман во моментов во Белорусија, да помине во спортивната коловозна лента. Според неофицијални информации, автомобилот се излизгал поради лошото време.
Шербаков со своето возило се судрил со камион од спротивната насока. Голманот, неговата сопруга и синот загинале на место, а од возилото живо е извлечено е нивното друго дете, тригодишниот син.