Загинаа двајца екстремни спортисти



Двајца екстремни спортисти загинаа денеска во Грузија, откако скокнале од мост а јажето со кое биле врзани се скинало.

Како што пренесуваат светските агенции станува збор за 23 годишна девојка и 25 годишно момче, кои биле учесници на натпреварување во банџи џампинг во грузиската престолнина Тбилиси. Поради тоа што натпреварувањето било завршено, и двајцата скокнале заедно од мостот врзани со едно јаже, нешто што правилата стрикно го забрануваат. Тогаш попуштиле и главното и помошното јаже и двајцата паднале на камењата на дното од длабоката провајлија.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1