Заканите на Ангелов до Николовски се напад врз слободата на медиумите


Здружението на новинарите на Македонија смета дека вербалните закани на лидерот на Достоинство, Стојанчо Ангелов, врз уредникот на Нетпрес, Дејан Николовски, претставуваат напад врз новинарите и слободата на медиумите.znm

„Заканите за физичка пресметка со новинари и нивното омаловажување се неприфатливи. Ако некој е незадоволен од начинот на известување на новинар, треба да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ или Советот на етика во медиумите кои ќе утврдат евентуални прекршувања на Етичкиот кодекс на новинарите. Освен тоа, ако граѓаните се сомневаат дека им се загрозени правата од некој медиум имаат законско право да побараат објавување на демант или исправка. Во краен случај, тие можат да покренат и судска постапка за да ја заштитат нивната чест и углед“, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1