Закажано судењето за убиството на Ангел


На 29 декември ќе започне судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров во Основниот суд Скопје 1. На обвинителна клупа ќе седне Насер Ештрефи (19) од скопското село Грчец, на кој ќе му се суди за убиство со умисла, пренесува Утрински.

angel

Убиството се случи на 19 мај оваа година. Според обвинението, се’ започнало со обид за кражба на велосипед што бил оставен во дворот на семејството Петковски во населбата Ѓорче Петров. Обвинетиот Ештрефи влегол во дворот откако претходно ја отклучил заклучената врата од дворот, но тоа било забележано од сега трагично загинатиот Ангел и од неговиот татко. Тој се качил на велосипедот и со него се дал во бегство, упатувајќи се кон пешачкиот мост кој води кон СРЦ „Сарај“. Таму, на насипот крај Вардар, бил пречекан од Ангел и неговиот татко, кои му го препречиле патот, односно не му дозволиле да побегне.

Во тепачката, која се случила, на Ангел му биле нанесени два удара во градниот кош. Од ударите дошло до обилно внатрешно и надворешно крвавење и развој на хеморагичен шок. Матуранотот и неговиот татко се обиделе да побараат помош во Европската очна болница, но, за жал, тој им подлегнал на повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1