Закажавте свадба на крајот од октомври – подобро поместете ја


Одредувањето на датумот за свадба бара да се земат предвид многу работи, како што се годишното време, можноста за отсуство од работа, временскиот период што ви е потребен за да се подготвите, можноста за доаѓање на гостите, кои не живеат во исто место како вас, евентуална бременост, па дури и меден месец.svadba445

Но, постојат денови од годината во кои треба да избегнува организирање на свадба.

Едни од нив се и деновите кога се менува часовникот. Летното сметање на времето почнува во последната недела на март и завршува во последната недела на октомври. Годинава тоа е ноќта меѓу 29 и 30 октомври, меѓу сабота и недела во 3 часот наутро, кога часовникот ќе се помести еден час поназад.

Овие промени често доведуваат до ненадејни промени во биолошкиот ритам, кои влијаат на појава на исцрпеност и нервоза. Затоа, ако можете, избегнете ги овие денови за свадба, затоа што може да влијаат на вашето расположение. Исто така, може да се случи вие или вашите гости да не го промените часовникот, па да задоцните или да дојдете порано еден час.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1