Заклучувајте ги вратите – арамиите во акција


Минатата година бројката на тешки кражби, како најзастапена форма на класичен криминал, во Тетовско-гостиварскиот регион бележи благ пораст, информираат тетовската полиција.

kradec 1Во 2013 година имало 924 тешки кражби, од кои 481 во тетовско и 443 во гостиварско, при што крадците украле пари, накит и стока вредни над 700 илјади евра, пишува Вечер.

Најмногу, 359, од тешките кражби се регистрирани во куќи и станови, пред се, на сопственици кои се привремено вработени во странство, од нив 164 во Тетово, а 195 во Гостивар.

Во анализите на СВР Тетово се констатира дека најчест плен на крадците се златниот накит и пари, а нешто помалку техничките производи. Оштетените со ваквиот вид кражби минатата година пријавиле штета која достигнува 47 милиони денари, односно 35 милиони во тетовско и 12 во гостиварско.
– Крадците најчесто насилно ги отворале вратите и прозорците со кршење на цилиндар бравите, посебно во станови. Меѓутоа, во не мал број случаи тие влегувале и низ незаклучени врати или подотворени прозорци, па потоа провалувале во другите простории во внатрешноста на објектите – вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Најмногу напаѓани од крадците биле објектите во градските средини, каде што се извршени и најмногу тешки кражби.
Освен во домови, минатата година биле извршени и 71 тешка кражба во продавници, поточно 43 во Тетово и 28 во Гостивар; 91 кражба во моторни возила, од кои 45 во Тетово и 46 во Гостивар, како и 252 кражби на други места, од кои 104 во Тетово, а 148 во Гостивар.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1