Уставниот суд денес расправа за законот за амнестија со кои се ослободија од гонење виновниците за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.
Уставните судии ќе расправаат по основа на трите иницијативи за оцена на уставноста на автентичното толкување, а една од иницијативите е доставена од семејствата на дванаесетте киднапирани Македонци во 2001 година.
Пред повеќе од една година, со гласањето за автентично толкување на Законот за амнестија, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ изгласаа да престане кривичното гонење на одговорните лица за четирите Хашки случаи кои беа осомничени за воени злосторства од 2001 година.