Законот за амнеститија за „27 април“ не доби поддршка во Собранието


Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред на 66. пленарна собраниска седница.

Претходно Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој предлог закон се опфатени сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но се уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.

– Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настанитеод 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направт премиерот Заев и парламентарното мнозинство преку т.н Комисија за помирување… Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат да бидат терористи, ниту вработените во МВР… Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните теркови во државата. Ги повикуваме сите пратеници од парламентарното мнозинство да дадат поддршка за законот за амнестија, конечно да завршат поделбите во македонското општество и да ја вратиме државата во нормлана насока и да се концетрираме на висниските проблеми кои ги мачат граѓаните, рече Стаменковска.

Не беше прифатен ниту предлогот на Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување на Законот за данокот на личен доход и Законот за придонеси од заедничко социјално осигурување, по скратена постапка. Тој рече дека иако ветила транспарентна и отворена постапка Владата сака овие закони да ги протне на мала врата.

Меѓу другите точки на оваа седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1