Залутано зрно од огнено оружје му го скршило ветробранското стакло од автомобилот.
Вчера околу16,30 часот во полицската станица во скопски Центар Т.П. пријавил дека на ул. „Лазар Личеновски“ на паркингот кај РЦ „Кале“, од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговиот „фолксваген голф“.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.