Заминаа на пат без враќање – последното патување на автобусот на Беса Транс (Фото)


45 луѓе, од кои 12 деца, загинаа во автобуската несреќа што синоќа околу три часот се случи на автопатот Струма, во Бугарија, кога се запали автобус на агенцијата Беса Турс. Повредени се седуммина, и сите се во стабилна состојба.

Хотел во Истанбул во населбата Есенлер. Надзорните камери ги регистрираат 52 патници како ги товарат своите куфери во автобусот и тргнуваат на патување. Некои од патниците околу 16.00 часот вчера се слушнале со своите најблиски во Македонија за да им кажат како се и дека тргнале кон Македонија, каде требаше да пристигнат утрово со прв станица на застанување – Куманово па Скопје.

Нивното патување трагично ќе заврши во три часот наутро на кривината на смртта на автопатот Струма, во ренот на селотто Боснек, пред градот Перник во Бугарија – позната како црна точка на автопатот. Неколку минути пред два часот по бугарско време на телефонот за истни случаи 112 стигнал повикот кој ги мобилизирал противпожарните и медициските екипи од Перник и во Софија.

Автобусот на смртта кој бил последен од конвојот од четирите автобуси на Беса транс од Скопје шест часа пред кобната несреќа, во 21 часот, е регистриран како ја поминува турско-бугарската граница на граничниот премин „Капетан Андреево“. Она што се знае е дека последното запирање на автобусот било на бензинска пумпа, за патниците да се одморат, напијат кафе и освежат, на само неколку километри пред местото каде тие трагично ќе го завршат своето патување.

Глетката е застрашувачка. Не секој може да ја поднесе таа глетка. Застрашувачка глетка. Деталите за трагедијата ќе се разјаснат во текот на истрагата. Не е за гледање тоа таму. Луѓето се сите на купче. Целите се пепел. Затоа никој не може да каже колку луѓе имало или кои се. Телата мора да се идентификуваат, што ќе биде многу тешко и да се идентификуваат еден по еден. Има можност, бидејќи неколку автобуси патувале заедно и овој беше последниот, за време на одморите што ги правеле, патниците да се префрлале од еден во друг автобус, изјави Бојко Рашков, министер за внатрешни работи на Бугарија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1