Јоана Палани (22) е млада Данка со курдско потекло, а на светските насловни страни се нашла пред една година кога го напуштила факултетот за да им се придружи на курдските сили во борбите против ИСИЛ, пишува Дејли Меил.
Таа била една од многуте луѓе од Европа кои заминале да војуваат во сирискиот град Кобане. Иако поголемиот дел од градот бил уништен и населението побегнало во Турција, последните месеци трае реконструкција на градот кој пред конфликтот имал 4500 жители.
После конфликтот, Јоана се вратила во Данска, каде данската разузнавачка служба ПЕТ и го одземала пасошот за да не може да се врати во Сирија.
Палани исто така на својот фејсбук продил истакнала дека не може да разбере зошто се однесуваат со неа како да е „странски борец“.
– Како може да бидам закана за Данска, кога сум член на регуларната војска која Данска ја тренира и и помага во борбите против исламската држава? – се прашува Јоана.