Замислете месечно да имате плата од 8.000 евра!


Просечниот бруто месечен приход на швајцарско домаќинство меѓу 2009 и 2011 изнесувал 7.982 евра, што земјата ја става на трето место, веднаш зад Норвешка и Луксембург.

pari evra 1

Во текот на претходната деценија во Швајцарија е забележен раст на приходите по домаќинство од седум отсто, се наведува во студијата на швајцарската влада.

Расположливите месечни средства на швајцарските домаќинства се повисоки за 2,6 отсто отколку во Португалија и 1,3 отсто во однос на Германија или Франција. Во извештајот на швајцарската влада се наведува дека распределбата на доходот во Швајцарија е порамномерна отколку во останатиот дел од Европа.

Потрошувачката во Швајцарија е многу малку покачена од 1998 година, дури 4 отсто, најмногу за забавни активности.

Петтина од најбогатите швајцарски домаќинства со месечни приходи трошат во просек 6.256 евра, или двојно повеќе отколку 20 отсто од најсиромашните домаќинства.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1