Запален автомобилот на поранешниот шеф на УБК, Зечевиќ


Возилото на сопругата на поранешниот шеф на УБК, Миле Зечевиќ, синоќа целосно изгорело во пожар. Автомобилот Тојота Корола бил паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1, пред куќата во која живее Зечевиќ со семејството.

Миле Зечевиќ во моментов е член на Централен одбор на СДСМ. Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно бил шеф на кабинетот на Владо Бучковски, тогашен министер за одбрана. Полицијата ја истражува причината за пожарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1