Возило „тојота корола“ на истакнат член и активист на СДСМ од Битола рано утрово било запалено.
Според СДСМ Битола, возилото било намерно запалено и била причинета штета и на околните возила, јавува ПлусИнфо
Автомобил изгорел утринава на улицата „Тошо Даскалот“ во Битола. Од засега непознати причини целосно опожарено било возилото марка „тојота корола“ со битолски таблички, сопственост на П.Ј.(59).