Крст на челото на Путин за Велигден (Фото)


Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на Велигденската Литургија во соборниот храм на Христос Спасителот, којa ја служеше Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил. За време на литургијата на лицето на Владимир Путин се појави сенка на крстот, што е овековечено од фотографите.krst-na-putin

На централната прослава во црквата на Христос Спасителот присуствуваше и премиерот Дмитриј Медведев, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин, а настанот беше емитуван на државната телевизија.

Во Велигденската литургија, Патријархот Кирил повика на саможртвување за блискитеи потсети на жртвите на Втората светска војна. Тој рече дека ако законот на живот што е јасно изразен во животот на Христос, стане начин на живот на повеќето луѓе, тие ќе бидат навистина среќни, затоа што “оној кој им служите на другите, човек добива повеќе отколку што дава.”

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1