Убава млада жена, која е претепана, силувана, избодена со штрафцигер во врат и оставена да умре, преживеала доволно долго за да може да го каже името на својот напаѓач.
30- годишната Романка Елиза Драгане била несреќна во љубовта, па преку Фејсбук го запознала 29- годишниот Нико Алин Кристеа.
Атрактивната девојка била нападната на периферијата на Александрија, во Романија. И покрај тешките повреди, успеала да дојде до улицата, од каде е пренесена во болница, но паднала во кома и починала.
Пред да умре, собрала доволно сили да даде кратка изјава, па рекла дека Кристеа ја нападнал.
Елиза и Кристеа контактирале преку интернет и договориле средба, а девојката ја прифатила неговата понуда да дојде по неа со автомобил. Но наместо да ја пренесе до бар, Кристеа ја однел на оддалечено, рурално место, каде ја силувал и претепал.
Пред полицијата, тој признал дека за време на нападот ја давел Елиза и ја избодел во врат со штрафцигер. Уверен дека е мртва, го зел нејзиниот мобилен телефон и се поврзал на нејзиниот Фејсбук профил од каде ги избришал трагите.
Сепак, Елиза успеала да отползи до улицата каде ја пронашле и повикала полиција.
Била префрлена итно во болница каде лекарите се бореле за да го спасат нејзиниот живот. Откако разговарала со истражувачите, паднала во кома од која не се пробудила.
Кога полицијата стигнала во домот на осомничениот, тој славел со пријателите- месец дена откако е во брак. Од почеток се негирал, но тогаш му рекле дека го именувала токму Елиза.
Кристеа веднаш бил притворен.