Заразениот со ХИВ не мора да ви каже за тоа ни пред секс!


Не можете да добиете СИДА ако пливате во базен, употребувате иста чаша или тоалет со носител на вирусот, ниту преку бакнување. ракување, гушкање, работење со исти уреди, каснување од комарец или преку делење оброк. Овие информации, студентите по медицина и активистите во Х.Е.Р.А  ги споделуваа со студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на светскиот ден за борба против ХИВ и СИДА.
Интересно е што носителот на ХИВ со ништо не е обврзан на своите партнери да им полага сметка за здравствената состојба.
hiv sida
– Има кривично дело намерно пренесување заразна болест кое предвидува санкции ако намерно пренесеме зараза. Но, дефинитивно никој нема обврска да го сподели својот здравствен статус. Дали има одредено намерно пренесување се проценува во секој индивидуален случај, врз основа на тоа дали носителот бил свесен дека ја има заразната болест. Не постои ниту една правна регулатива која вели дека мора да му го споделите статусот на вашиот партнер, а таква обврска немате ниту кон здравствените работници – објасни правниот советник во Х.Е.Р.А Игор Јадровски запрашан за тоа дали носителот на вирусот е должен да ги информира партнерите дека го има.
Во Македонија малку луѓе имаат ХИВ, ама малкумина и се тестираат. Х.Е.Р.А со две мобилни лаборатории овозможува бесплатно тестирање, а клиентот дознава дали е носител на вирусот за само 15 минути. Клиентот добива и информација дека за тестот да биде релевантен, мора да поминат од три до шест месеци од ризичниот контакт.Тестот се прави со земање крв од прст и е анонимен.
Од 1987 до 2014 регистирани се 236 лица со ХИВ. Откако ќе се дијагностицира вирусот, се прима антиретровирусна терапија која обезбедува долг и квалитетен живот, па дури и планирање на семејство.
PlusInfo.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1