Заспала со мобилниот телефон – се разбудила со лузна (ФОТО)


Оливија Ретер од Англија, за жал, добила лузна која ќе ја носи до крајот нa животот. Изгореницата е последица на топењето на маската за мобилен телефон. Девојчето го оставило мобилниот телефон на ногата и заспало. Набрзо откако заспало, маската за телефон почнала да пушта киселина, според тврдењата на мајката на Оливија.12509254_10154222053389123_10481187464844060_n
Кога девојчето се разбудило наредното утро, кожата на нејзината нога била сува и многу црвена. Сфатила дека изгореницата ја добила од телефонот. Таа видела дека киселината успеала да најде пат преку работ на мобилниот телефон, иако пукнатината била речиси невидлива. Фотографијата од својата болна изгореница ја поставила на Фејсбук.

Како што се испоставило на крајот, маската за мобилниот телефон е главниот виновник. Лекарот потврдил дека во прашање е хемиска реакција што ја предизвикала маската. Успеал да го смири црвенилото од изгореницата, но, за жал, девојчето до крајот на животот ќе има лузна во облик на маска за мобилен телефон.

Мајката на девојчето ги предупредила родителите на Фејсбук да водат сметка при купувањето на блескавите маски кои содржат светки на своите деца.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1