Сообраќајот на патниот правец Велес- Скопје, после наплатната рампа Отовица, во текот на денот ќе биде во застој во кратки интервали од пет до десет минути поради бетонирање на мостовите.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека, во целосен прекин е локалниот пат село од селото Стенче до селото Гургурница во тетовско поради големи наноси од снег во висина од еден до два метра и во должина од два до три километри настанати во текот на вчерашниот ден.
Се преземаат мерки за расчистување на овој патен правец.