Антиќ: Не сум виновен


Единствениот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта Тебо Сефолоша ги отфрлија обвинувањата упaтени кон нив по вчерашниот инцидент во ноќен клуб во Њујорк по кој беа притворени и неколку часа држени во полициска станица.peroooo

– Како членови на Атланта, имаме високи стандардни на однесување и нашата улога во професионалниот тим ја сфаќаме сериозно. Ќе сториме се за да докажеме дека не сме направиле ништо лошо. Им се извинуваме на семејствата, соиграчите и на сите останати од таборот на Хокс за негативниот публицитет што им го донесе овој инцидент. Повеќе од ова не смееме да коментираме додека трае процесот против нас, пишува во заедничкото соопштение до јавноста на Антиќ и на Сефолоша.

Двајцата кошаркари беа обвинети за попречување на полицајците при истражувањето на местото на кое претходно со нож беше прободен Крис Коупленд од Индијана Пејсерс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1