Гостиварецот Рефек К. (56) попладнево е пронајден мртов покрај канал за наводнување во близина на автопатот Тетово – Гостивар близу Пумчевиште.
Според првичниот увид, на безживотното тело има две рани за кои се претпоставува дека се од огнено оружје.
Во тек е увид од полицијата и јавниот обвинител по кој се најавуваат повеќе детали.
Рефек К. на 20 јануари е пријавен за исчезнат. Телото пронајдено попладнево се наоѓа покрај автомобил марка „рено“, а покрај него бил пронајден и пиштол. Раните се во главата и стомакот.