Затрупани возила, распукани ѕидови: Вака изгледа Драч по земјотресот (ФОТО)


Жителите на Драч се уште се во паника по земјотресот. Некои од нив се плашат да влезат во нивните домови по двата потреси кои се случија во период од десетина минути.

Сликите говорат за силината на потресот од 5.6 степени по Рихтер.Распукани ѕидови во становите и куќите како и срушени автомобили од урнатините.

Тлото во Албанија не мирува. Од првиот силен земјотрес што беше регистрира вчера во 16:04 часот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море се регистрирани серија од најмалку 25 земјотреси, со различна јачина.

Последниот е регистриран претпладнево во 9:00 часот со магнитуда од 3,5 степени.

Поради тоа жителите на овој пристанишен град, ноќта ја поминаа под отворено небо.

Премерот Еди Рама по полноќ, веднаш по пристигнувањето од Германија, одржа итна седница на Владата. Тој искажа голема благодарност до сите структури, посебно до белите мантили за нивната несебична ангажираност.

– За среќа нема жртви и ова е една од причините да дишеме полесно. Имаше повредени лица и тие добија лекарска помош, им посакуваме на сите брзо закрепнување. Ќе бидеме со полн капацитет. Сакам посебно да се заблагодарам, не формално, на белите мантили и на сите од здравствениот сектор за добрата организација за се што сторија од случувањето на настанот, изјавил Рама.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1