Затвор и условни казни – Изречени пресудите за „Метастаза“


Обвинетите во случајот „Метастаза“ се виновни, пресуди денеска Основниот суд Скопје 1. Изречените казни се движат од три години затвор до условни пресуди. Со дел од казните на обвинетите само им се покри времето поминато во притвор на обвинетите.
затвор им беше пресуден на 17 од 38 обвинети, а 19 добија условни казни.
Првообвинетиот Сашо Јоксимовски од Клиниката за кардиологија доби две и пол години затвор и три години забрана за вршење здравствено лекарска дејност. Највисока казна, од три години затвор, доби Љупчо Бутевски. задолжени се солидарно да ја надоместат штетата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 250.000 евра.

Обвинетите лекари специјалисти, неврохирурзи, психијатри, ортопеди и посредници се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа

Еве го целосното соопштение од Основниот суд Скопје 1 Скопје за „Метастаза“

Основниот суд Скопје 1 Скопје, со пресуда КОК.бр.39/10, за случајот во јавноста познат како „Метастаза“, објавена на ден 22.10.2012 година, огласи за виновни 38-триесет и осум лица.
Обвинетиот С.Ј. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 6-шест месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетиот му се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетата Љ.Б. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, ја ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 5-пет месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетата и се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетиот А.К. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 5-пет месеци.
Обвинетиот Љ.Б. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од КЗ, кр.дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ, и едно продолжено кривично дело Фалсификување исправа по чл.378 ст.3 в.в. со ст.1 в.в со. чл.22 и чл.45 од КЗ на РМ го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3-три години.
Обвинетиот С.Д. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 3-три месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетиот му се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетиот Љ.С. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 3-три месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетиот му се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетиот Љ.П. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 3-три месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетиот му се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетиот П.Г. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 3-три месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетиот му се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетата Л.А.С. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, ја ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 2-два месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетата и се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетата С.Т. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, ја ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 3-три месеци. Согласно чл.38-б од КЗ на обвинетата и се изрекува и казна Забрана за вршење должност, членување во комисии за одлучување по права од пензиско и инвалидско осигурување во траење од 3-три години засметувајќи од денот на правосилноста на оваа пресуда, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во времето на нејзиното траење.
Обвинетиот З.Н. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 2-два месеци.
Обвинетиот Ж.П. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ, го ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 1-еден месец.
Обвинетиот М.Д. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од 1-една година и 2-два месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетиот З.Б. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, и продолжено кривично дело Примање поткуп од чл.357 ст.4 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 в.в. со чл.45 од КЗ му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од 2-две години и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 4-четири години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Ѓ.Х.А. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, ипродолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од1-една година и 6-шест месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 4-четири години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетата В.П. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, и изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што и утврдува казна затвор во траење од 1-една година и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетата за време од 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетата О.М. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, и изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што и утврдува казна затвор во траење од 1-една година и 7-седум месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетата за време од 4-четири години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетата Б.Т. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, и изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што и утврдува казна затвор во траење од 1-една година и 3-три месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетата за време од 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетите Ј.Б., Ф.Т., Г.Н и И.Б. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, им изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што им утврди казна затвор во траење од по 1-една година и 2-два месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетите за време од по 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.
Обвинетите Ј.М., И.В. и А.А. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ, им изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што им утврдува казна затвор во траење од по 11-единаесет месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетите за време од по 2-две години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.
Обвинетите Т.П., Љ.Г. и Е.Ш. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.1 од КЗ, им изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што им утврдува казна затвор во траење од 10-десет месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетите за време од 2-две години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.
Обвинетиот И.Т. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Фласификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. ст.1 в.в. со чл. 22 и чл.45 од КЗ, му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од 1-една година и 6-шест месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 3-три години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Д.Б. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Фласификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. ст.1 в.в. со чл. 22 и чл.45 од КЗ, му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од 1-една година и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 2-две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетите В.Д. и М.А. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ им изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што им утврдува казна затвор во траење од 1-една година 2-два месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетите за време од по 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетиот М.З. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ, и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.1 од КЗ му изрече алтернативна мерка УСЛОВНА ОСУДА така што му утврдува казна затвор во траење од 1-една година 2-два месеци и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да биде извршена доколку обвинетиот за време од 2-две години и 6-шест месеци од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Обвинетите Д.Т., Р.В., З.А. и С.З. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ, ги ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од по 1-една година и 3-три месеци.
Обвинетата С.М. за кривичното дело Злосторничко здружување од чл.394 ст.2 од КЗ и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 .в.в со чл.24 од КЗ, ја ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 1-еден месец.
На сите обвинети во изречените казни им се засметува времето поминато во притвор.
Согласно чл.97 и 98 од КЗ од сите 38-триесет и осум обвинети лица, солидарно СЕ КОНФИСКУВА непосредната и посредната имотна корист која се состои во паричен износ од 213.420,оо евра во денарска противвредност од 13.018.620,оо денари, ако не е можна конфискација на горенаведената сума од сторителите ќе се конфискува друг имот што одговара на прибавената вредност.
Согласно чл.96 и чл.101 од ЗКП, СЕ ЗАДОЛЖУВААТ сите обвинети солидарно да му го надоместат имотно правното барање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија во износ од 3.913.585,оо денари како штета причинета со извршување на кривичното дело, се во рок од 3-три месеци од правосилноста на пресудата.
Согласно чл.100-а од КЗ предметите што биле употребени или наменети за извршување на кривично дело СЕ ОДЗЕМААТ.

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 СКОПЈЕ

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1