Старлетата Милица Мими Живановиќ, попозната како Мими Оро, која беше уапсена под сомневање дека се занимава со елитна проституција, беше осудена и казнета на повторното судење со 60.000 динари.
Таа беше првобитно осудена на осум дена затвор и издржа половина од казната, но сега нема да мора да се враќа зад решетки, бидејќи и е пресудена парична казна.
“Во новата постапка беа сослушани двајца мажи, кои изјавија дека платиле за сексуални услуги со Живановиќ, а ја препознале од фотографиите кои им биле покажани. Исто така, сослушан е и инспекторот кој против неа поднесе пријава за занимавање со проституција. Оваа пресуда ја потврди и Прекршочниот апелационен суд и Живановиќ повеќе нема право на жалба”, изјави неименуван извор за весникот “Alo”.
Истиот извор додава дека Милица Живановиќ протестира поради тоа што не се соочила со клиентите кои тврдат дека биле со неа и со инспекторот кој ја пријавил.
Мими Оро во декември 2014 година беше уапсена со уште седум девојки, а беше обвинета за елитна проституција. Во женскиот затвор го Пожаревац издржа половина од казната од осум дена на која беше тогаш осудена. Старлетата и учесничка на реалното шоу “Парови” тогаш негираше дека се занимава со проституција.