Затвореник се заглавил во ѕид бегајќи – Видео/Фото


Да ги фатиш криминалците на дело е една работа, но да ги фатиш во затвор во обид да избегаат, а истите заглавиле во направената дупка, е тоа е нешто што не се гледа секој ден.

Токму тоа се случило во бразилскиот затвр Церес, 183 километри оддалечен од градот Гоианиа.

Дотичниот затвореник со метална цевка, долг период ја правел дупката и се подготвувал за бегство со својот колега, но за разлика од него, кој успеал да побегне, овој успеал да се посрамоти.

Како најдебел и највисок затвореник, останатите колеги се обиделе да му помогнат да го бутнат низ дупката, но на половина пат заглавил.

Почнал да вришти од болка, па чуварите веднаш пристигнале. За да му помогнат ангажирани биле и пожарникари, кои морале да ја зголемат дупката, со цел да го извлечат. Целиот со модрици затвореникот бил повторно вратен во ќелијата.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1