Завршена обдукцијата на родилката што почина, детали не се соопштуваат


Директорот на институтот за судска медицина во скопје, алексеј дума, за тв нова, изјави дека уште вчера доцна попладнето е извршена обдукцијата врз телото на 21 годишната родилка симона блажеска, од прилепското село беровци.. Според дума се очекува обдукциониот наод да биде готов за многу краток период.pp-bolnica5-640x351 (1)

Јавниот обвинител, дамчо кочоски од прилеп, кој го води случајот, истакна дека бил известен за завршувањето на обдукцијата, но засега неможел да каже ништо повеќе се додека не го добиел наодот, од што ќе зависело како понатаму ќе се одвива истрагата.

Инаку блажеска почина вчера на гинеколошкото одделение, во прилепската болница, во 1 часот и 50 минути после полноќ.. Директорот на болницата, петар ристески, истакна дека тие како здравствена установа ги превзеле сите потребни мерки за згрижување на блажеска.. Откако ситуацијата нагло се влошила околу 19 часот пациентката била префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација, каде била направена опсежна реанимација и постапено било по сите стандарди и протоколи.. За случајот биле ангажирани 4 гинеколози, 2 анестезиолози и еден уролог.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1