Збогувајте се со сонцето, ни следи дождлив период!


Од МЕТЕОПРО информираат дека не очекува претежно облачно време и повремен слаб дожд ќе има локално во западната половина од земјата.

Условите за врнежи во источната половина од земјата ќе бидат далеку помали. Повремен слаб снег ќе има само во повисокиот планински регион во западниот крај.oblaci i sonce nacrtano

Минималната температура ќе има вредност околу -2°С низ котлините. Минимална околу 0°С се очекува во Гевгелиско – Дојранскиот крај. Малку постудено утрото ќе биде во осоговско-малешевскиот регион, со минимална температра околу -4°С

Максималната температура  ќе има вредност околу 7°С низ поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток максималната ќе достигне вредност околу 11°С.

Скопјани може да очекуваат претежно облачно време со услови за повремен, сосема слаб дожд.

Минималната температура ќе се „спушти“ до -2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 6°С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1