Здравко Чолиќ раскажува за непријатна случка на српско македонската граница, кога двајца турци за малку ќе го линчувале кога требало преку ред да ја мине границата. Признава дека само еднаш искористил тоа што е познат и имал привилегија и поради тоа за малку не настрадал.
– Во суштина никогаш не сум го користел името за да имам некои привилегии, во странство луѓето никогаш и не ме препознаваат. Се сеќавам дека еднаш тогаш мојата ќерка беше мала и тргнавме на одмор во Порто Карас, но на граница имаше голема гужва.
Цариникот ме препозна и ми понуди да застанам помеѓу два турски шлепери за побрзо да ја поминам царинската зона. Така и направив, но шоферите беа нервозни што паркирав меѓу нив и сакаа да ме линчуваат, а цариникот не можеше да ме заштити.
Кога тргнаа да се пресметуваат со мене, се правдав дека надлежниот ме пушти, но џабе, не ме слушаа. За среќа се добро заврши, но сериозно можев да настрадам, открива Чола