Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 е почувствуван вечерва во јужните делови од Република Македонија, односно Охрид, Битола и Ресен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистран во 18 часот и 41 минути во соседна Грција, со епицентар околу 30 km јужно од Битола, односно околу 137 km јужно од Скопје, посочуваат макросеизмичките податоци.