Земјотрес со епицентар од пет километри западно од Валандово бил почувствуван во недела вечер во 21 часот и 31 минута, информираат во понеделник од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Земјотресот со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван во Валандово и во околните места.
Нема информации за евентуални материјални штети
Макфакс